Фото: Приватна архива

Камерниот оркестар Скопски солисти утревечер во 20 часот ќе одржат концерт во камерната сала на македонската Филхармонија. Концертот насловен „Волшебна музика“ ќе биде составен од дела на Перголези, Моцарт, Барбер, Илин и Шостакович.

Како солист со Камерниот оркестар ќе настапи пијанистката Марија Ѓошевска, а диригент ќе биде Бисера Чадловска.

Камерниот оркестар Скопски солисти на македонската музичка сцена се појави во 2000-та година. Оваа благородна и убава идеја, по примерот на Загребските, Софиските и други слични оркестри на Балканот, ја реализираше нашиот реномиран обоист, професорот м-р Васил Атанасов, кој воедно е и уметнички раководител на ансамблот.