Најголемиот и најмоќен телескоп „Џејмс веб“, кој се смета дека е 100 пати помоќен од телескопот „Хабл“, најдоцна до 24 декември ќе биде лансиран во вселената.
Расклопен на делови, со ракетата Ариана 5 ќе биде лансиран во вселената, каде што сам ќе се состави. Предвидено е да биде лансиран од бреговите на Француска Гвајана.
Со години сликите направени од телескопот „Хабл“ им овозможуваа на научниците и на јавноста подобро да ги разберат некои од најоддалечените делови на нашиот Сончев Систем и пошироко.
Сега, со помош на телескопот „Џејмс Веб“ ќе можеме да видиме уште подалеку. Научниците се надеваат дека ќе допре до најдалечните галаксии.
Оптимизиран да гледа блиска и средна инфрацрвена светлина, за разлика од „Хабл“, кој примарно може да открие светлина видлива за човечкото око, „Веб“ ќе може да гледа постари и постудени објекти во вселената. Ова му овозможува да гледа низ прашина, која често може да ги замагли sвездите и другите објекти на сликите на „Хабл“.
„Џејмс Веб“ ќе биде сместен на повеќе од еден милион километри од Земјата и ќе може да ја види светлината што патува речиси низ целата историја на универзумот.
Се очекува првите снимки да пристигнат летото, 2022 година.