Фото: Пиксабеј

Во јапонската култура е нормално да станувате рано и да го започнувате денот со чај и вежбање, а поради тоа тие се една од најздравите нации во светот.
Јапонскиот инженер и мајстор за аикидо Кацузо Ниши помина три години во будистички манастир проучувајќи техники на медитација и мечување. За да си го подобри здравјето, Ниши смислил „шест здравствени трика“, кои станале светски познати.

Тврд кревет
Ниши верувал дека тврдиот кревет ќе придонесе за правилно држење на ‘рбетот. Ако има искривување на ‘рбетот, тоа може да доведе до голем број различни болести на внатрешните органи.

Наместо перница, само крпа
Јапонците веруваат дека искривениот врат е еден од првите знаци за краток животен век. Затоа Ниши предлага да ја замените перницата само со крпа или воопшто да не користите перница.

Вежба „златна рипка“
Легнете на рамна тврда површина со рацете зад главата. Испружете ги рацете нагоре. Ставете ги стапалата така што ќе бидат рамни на подот. Истегнете ја левата петица напред и во исто време повлечете ја левата рака нагоре без да ја кревате од подот. Повторете го истото тоа со десната петица и десната рака. Целата вежба трае две минути.

Подобрување на циркулацијата на крвта
Да ги „тресете сите мускули“ за да „тече крвта“ правете секаква спортска активност за да се потите колку што можете повеќе.

Стомак и ‘рбет
Правете најмалку по десет грбни и стомачни вежби дневно. Задолжително е да се движите во текот на денот, колку што е можно повеќе.
Кацузо Ниши тврдеше дека сè што му треба на човекот за здравје е длабоко во нас, главната работа е да не подлегнуваме на мрзеливоста и да го откриеме нашиот потенцијал.