Во организација на евровизискиот фан клуб „ОГАЕ Македонија“, утревечер со почеток во 21 часот традиционално ќе се одржи евровизиска забава за испраќање на македонската делегација и евровизиската претставничка Андреа во Торино, Италија.

На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар, посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници.

Локацијата е „Нано бар“ во Дебар Маало, а влезот за сите евровизиски фанови е бесплатен.