„Добар човек“ е најновата песна на познатата македонска ска-панк, реге група „Суперхикс“. Со неа членовите на бендот го најавуваат својот нов музички албум.
Музиката, текстот и аражманот ги потпишуваат „Суперхикс“, а материјалот е снимен во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски.
Видео анимацијата е авторско дело на младите креативци Меланија Димоска и Александар Несторовски.
Со овој сингл „Суперхикс“, во својот препознатлив стил, упатуваат апел и предлог до Министерството за здравство и сите останати релевантни установи да се субвенционираат сите антидепресиви и релаксирачко/смирувачки медикаменти.
– Македонија е рекордер по сите параметри за користење на антидепресиви и седативи по глава на жител па со ова значително би им се олеснило на корисниците а за жал ги има илјадници. Очекуваме одговор – час поскоро! Срдечен поздрав од Вашата „Банда инструментале – порачуваат членовите на „Суперхикс“.
Фото: „Суперхикс“