Некои жители тврдеа дека водата на плажите се повлекла од 10 до 15 метри, не наведувајќи ги причините за повлекувањето, што предизвикува стравувања дека тоа е поврзано со неодамнешните земјотреси. Експертите велат дека тоа не е поради земјотресот
Националниот истражувачки институт за астрономија и геофизика (НРИАГ) во Египет ги демантираше информациите дека водите од Средоземно Море почнале да се повлекуваат од Синајскиот Полуостров поради неодамнешните земјотреси и цунами.
Шефот на НРИАГ, Гад ал Кади, рече дека институтот има станици за следење на нивото на морето и дека сите извештаи што кружат на интернет за повлекувањето на водите на Синај се многу претерани.
Тој неодамна за една локална телевизија објасни дека нивото на водата во Синај е намалено поради природната плима и осека и увери дека Египет е целосно безбеден од зоната на земјотресот.
– Земјотресите се случуваат секој ден, но интеракцијата со нив сега стана поинаква и медиумите го зголемија интересот за нив по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија – рече тој.
Извештаите покажуваат дека бреговите на северен Синај во Египет за првпат доживеале пад на нивото на водата во Средоземно Море.
Некои жители тврдеа дека водата на плажите се повлекла од 10 до 15 метри, не наведувајќи ги причините за повлекувањето, што предизвикува стравувања дека тоа е поврзано со неодамнешните земјотреси.
Слични информации пристигнаа и од израелскиот град Акре, каде што исто така се намали нивото на морето, а експертите предупредуваат да не се шири паника бидејќи тоа е последица на плимата и осеката, а не од земјотреси и цунами.
Периодов исто така, осека ја зафати и Венеција и го загрози нивото на околу 150 канали во Венеција, поради што беше прекинат превозот со такси по вода и гондоли. Каналите пресушија, полни се со кал. Тоа ги отежна и службите за итни случаи во градот, кои најчесто користат чамци како превоз, пренесува „Блумберг“.
Метеоролозите велат дека екстремно нискиот проток на вода не е директен резултат на сушата што го погоди регионот во последните месеци и се очекува нивото на каналите минимално да се зголеми наредниот период.
Сушата доведе до ниски нивоа на реките во другите делови на Италија, па невообичаено ниско ниво на водата беше забележано на реката По и езерото Комо.
Мерењата на плимата и на осеката во Венеција неодамна покажаа дека беа повеќе од половина метар под нормалата, а некои локации беа целосно недостапни за чамци.
Како што се наведува, Венеција е позната по плимата и осеката, кои зачестија во последните години, а најлошиот бран се случи во 2019 година, предизвикувајќи штета од околу една милијарда евра.