Утре (четврток, 22 јуни), во 12 часот во Големата аула на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима ќе се одржи промоција на книгата „Социолошки аспекти на драмскиот текст – Компаративна студија на творештвото на Харолд Пинтер и Јордан Плевнеш“ од Анита Димитријовска-Јанкуловска, што ја објави издавачката куќа „Восток“. Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура во рамките на конкурсот за дела од национално значење.
Делото ќе го претстави Деканот на Факултетот за театарски уметности, при ИУ Еуропа Прима, проф. Гоце Ристовски.
Свои обраќања ќе имаат и авторката на делото и издавачот Славица Гаџова-Свидерска.