Фото: Пиксабеј

Луѓето со натпросечна интелигенција не се дефинираат само со високите резултати што ги добиваат на тестовите за интелигенција. Овие луѓе обично имаат многу други заеднички карактеристики.

Не веруваат во сѐ што ќе слушнат
Интелигентните луѓе не веруваат во сѐ што ќе слушнат. Тие ги доведуваат во прашање: традициите, верувањата, етичките норми, целиот систем во кој живееме – сѐ што постои. Ништо не земаат здраво за готово и не ја следат толпата, туку за сѐ размислуваат критички и темелно истражуваат пред да формираат сопствено мислење.

Немаат идоли
Луѓето со натпросечен коефициент на интелигенција ретко имаат идоли и ретко бараат некој да ги води низ животот. Тие разбираат дека можеме да научиме нешто од секој човек во животот, но разбираат и дека никој не знае сè. Тие се гледаат себеси како свој личен гуру што има доволно мудрост и сила да се справи со секоја ситуација.

Не се задоволуваат лесно
Луѓето со висок коефициент на интелигенција никогаш не се задоволуваат со она што го знаат – тие секогаш копнеат по нови знаења и искуства. Уживаат да ги прошируваат своите умови и да се вклучат во интелигентен разговор секогаш кога ќе добијат шанса. Интелигентните луѓе се фасцинирани од знаењето и зависни од него, не се задоволни со наученото бидејќи не сакаат умот да им стагнира. Тие разбираат дека знаењето е моќ и сакаат да се вооружат со што е можно повеќе ментална муниција.

Подготвени се на акција
Натпросечно интелигентните луѓе знаат дека мислите и идеите не значат ништо без акција. Ако сакаат да стигнат каде било во животот, разбираат дека она што го знаат мора да се примени во конкретни акции. Тие нема да дозволат ништо да им застане на патот во нивната потрага да го искористат своето знаење за да го променат светот на подобро.

Ја знаат вредноста на тишината
Повеќе од сè, луѓето со висок коефициент на интелигенција ја знаат вредноста на времето поминато со себе во тишина. Светот е толку брз што се чини дека воопшто не го нагласува „битието“. Сите ние треба да дејствуваме, да работиме, да се движиме, да заработуваме. Но не трошиме доволно време размислувајќи, чувствувајќи, сакајќи… Тоа е причината зошто натпросечно интелигентните луѓе поминуваат што е можно повеќе време со себе и со своите мисли.