Фото: Пиксабеј

Во Австралија е отворена зоолошка градина на „иднината“, каде што посетителите можат да погалат жирафа или лав, дури и диносаурус. Меѓутоа, сите овие животни всушност не постојат во зоолошката градина.
Обожавателите на серијата „Ѕвездени патеки“ веројатно се сеќаваат на „холодекот“, простор во вселенски бродови каде што екипажот на вселенскиот брод „Ентерпрајз“ отиде да се забавува и да доживее авантури во компјутерски генериран виртуелен 3Д-свет. Нешто многу слично, но сè уште не толку софистицирано, сега е создадено во австралискиот град Бризбејн. Станува збор за футуристичка зоолошка градина, која на почетокот на годината ја отвори компанијата „Аксиом колографикс“.
Всушност, тоа не е вистинска зоолошка градина со животни во кафези или заградени простории, туку всушност е забавен парк што користи технологија што не била користена никаде на друго место, пренесува британски „Би-би-си“.
Замислете кит од 10 метри да плива покрај вас и да можете без грижа да го галите или стадо носорози да се собере околу вас, а ако не им побегнете навреме, тие буквално поминуваат низ вас – како духови.
Имено, сите животни што можат да се видат во оваа зоолошка градина се холограми, тридимензионални подвижни слики создадени со помош на ласерска светлина.
– Животните влегуваат во собата, шетаат низ неа, можете да ги галите, исто како во филмовите. Посегнувате и го тапкате лавот што доаѓа. Има многу смеење, многу викање…, но кога 10-метарски кит ќе преплива, поради некоја причина, сите молчат. Како од некаков вид страхопочит кон ова прекрасно суштество – изјави Брус Дел, извршен директор на „Аксиом“.