Предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се обрати на церемонијата на доделувањето на престижните филмски награди „оскарите“ е одбиен втора година по ред, објави „Гардијан“.
Зеленски се обидел да издејствува да се појави преку видеоповик на доделувањето што ќе се одржи в понеделник, по говорењето на други културни настани, но барањето било одбиено.
Според британскиот весник, ваквата одлука е донесена по објавувањето на резултатите од неодамнешната анкета, според која американската поддршка за Украина е намалена.
Зеленски минатата година се појави преку видеоповик за време на наградите „греми“, „златните глобуси“, како и на филмските фестивали како Кан и Берлин.