Фото: Пиксабеј

Новото истражување на научниците од универзитетот „Стенфорд“ покажа дека на мозокот му требаат дури 7,3 месеци за да закрепне од штетата предизвикана од алкохолот.
Прекумерното консумирање алкохол го зголемува ризикот од неколку проблеми поврзани со мозокот, како што се деменција, мозочен удар и депресија, покажуваат студиите.
Новото истражување покажа колку навистина му е потребно на мозокот да ја поправи штетата предизвикана од алкохолот, а станува збор за месеци.
Научниците од универзитетот „Стенфорд“ открија дека на мозокот му требаат 7,3 месеци за да закрепне. Истражувачите откриле дека за време на тој период, алкохоличарите што престанале да пијат ја повратиле вкупната дебелина на мозокот.
– Овие резултати ги поддржуваат адаптивните и корисните ефекти на одржливата трезвеност врз структурното закрепнување на мозокот – напишаа тие.
Студијата, објавена во списанието „Сајенс дајрект“, ги проучувала ефектите на трезвеноста на мозокот кај алкохоличарите. Тие принудија 133 лица, од кои 88 алкохоличари, да престанат да пијат и го анализираа нивниот мозок за да видат како влијае тоа на нив.
По седум месеци, дебелината на церебралниот кортекс значително се подобри кај повеќето луѓе со зависност од алкохол. Тие рекоа дека тоа сугерира дека мозокот може да ја поправи и регенерира својата структура кога алкохолот повеќе не е фактор. Меѓутоа, тие предупредија дека студијата е спроведена само на неколку луѓе и дека мора да се направат дополнителни истражувања за да се потврдат позитивните наоди.