Дали некогаш сте размислувале за тоа кои професии се сметаат за најопасни во светот? Издвојуваме некои од најопасните занимања според „Тајмс оф Индија“.
Дрвосечач
Дрвосечачите секојдневно работат со тешка машинерија, која често може да биде многу опасна. Токму кај нив повредите поврзани со работата се многу чести и можат да завршат многу фатално.
Рибар
Рибарите мора секогаш да бидат подготвени за тешки и екстремни временски и работни услови. Организацијата за безбедност и здравје при работа забележала податоци дека годишно умираат 24.000 рибари низ светот.
Пилот
Дали отсекогаш ви била интересна професијата пилот? Можеби не е толку гламурозно како што изгледа во „Топ ган“ и „Офицер и џентлмен“ со Том Круз и Ричард Гир во главните улоги. Професијата пилот е на врвот на опасните професии.
Работник на градилиште
Изложеноста на големи височини, тешките машини и опасни материјали доведоа оваа професија да се најде на листата на најопасните професии во светот. Во САД, 45 проценти од сите повреди на работното место се случуваат поради смртоносни падови од скелиња.
Покривач на покриви
Исто така лицата што работат на покриви работат на голема височина и зависат од различни временски услови, кои им ја отежнуваат секојдневната работа.
Возач на камион
Долгите часови на пат, густиот сообраќај и заморот што може да дојде по неколку часа возење може да доведат до сообраќајна несреќа и смрт на работното место. Токму затоа работата на возач на камион или автобус може да се смета за една од најопасните во светот.
Земјоделец
Земјоделците се изложени на секојдневна употреба на тешка механизација, која доколку не се управува правилно, може да претставува голема опасност. Работниците што се занимаваат со одгледување земјоделски култури исто така секојдневно се изложени на разни хемикалии, а тие зависат и од различни временски услови.
Работник на далновод
Работата на далноводи е уште едно опасно работно место. Секојдневната работа на големи висини со високонапонска струја ја прави оваа работа исклучително опасна.
Полицаец
И оваа работа се најде на листата на најопасни занимања. Станува збор за полицајци што секојдневно се изложени на потенцијален ризик на своето работно место. Според бројот на смртни случаи во САД, оваа професија може да се нарече најопасна.
Работник во фабрика за железо
Работата со стопено железо и други метали ја прави оваа работа исклучително тешка. Додека на тоа се додава работата со тешки машини, работата во овие услови бара високо ниво на концентрација и обезбедена заштита при работа.