Црниот дијамант стар милијарда години, за кој се верува дека е најголемиот избрусен дијамант во светот, е продаден за 3,16 милиони фунти (4,3 милиони долари). Аукциската куќа „Сотби“ објави дека купувачот одлучил да користи криптовалута за купување на дијамантот. Меѓутоа, се очекуваше дека дијамантот од 555,55 карати наречен „енигма“, кој тежи приближно исто како банана, ќе биде продаден за повеќе од 4,4 милиони фунти на онлајн акциите.
Постојат спротивставени теории за потеклото на овој скапоцен камен, вклучувајќи ја и теоријата дека астероид го донел на Земјата, пишува „Би-би-си“.
Аукциската куќа не го идентификува купувачот, но по аукцијата, претприемачот што се занимава со криптовалути, Ричард Харт, на социјалните мрежи тврдеше дека тој е купувачот на „енигма“. Тој на Твитер напиша дека штом ќе помине плаќањето и ќе го преземе дијамантот, ќе го преименува во „HEX.com diamond“, како што се нарекува блокчејн-платформата што ја основал тој. Овој црн дијамант или карбонадо е еден од најтешките форми на природен дијамант. Црните дијаманти се исклучително ретки и се откриени само во Бразил и во Централноафриканската Република. Бидејќи тие содржат осборнит, минерал што се наоѓа само во метеорите, се верува дека потекнува од вселената. Аукциската куќа „Сотби“ ја опиша „енигма“ како едно од најретките космички чуда стари милијарди години познати на човештвото.
Црните дијаманти обично се стари помеѓу 2,6 и 3,2 милијарди години или може да датираат од пред постоењето на диносаурусите. Самата Земја е стара околу 4,65 милијарди години, па, според „Би-би-си“, не е многу постара од црните дијаманти.