Камерниот оркестар на Битола, на 18 и 19 февруари, ќе одржи два концерта во чест на Аки Рахимовски и на Тоше Проески. Организаторите ги објавија и имињата на пејачите што ќе ги отпеат многубројните хитови на двајцата легендарни пејачи, кои веќе не се со нас, па така, во придружба на Камерниот оркестар ќе запеат: Каролина Гочева, Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Александра Јанева, Виктор Апостоловски, Бојан Стојков, Јана Бурчевска, Нико Ѓоргиевски и хорот при Државното музичко училиште – Битола.
Концертите насловени „Засекогаш во срцето“ ќе се одржуваат во големата сала на Центарот за култура во Битола.