Веројатно никогаш не ви паднало на памет, но отворањето на вратата од автомобилот со десната рака треба да му стане навика на секој возач, бидејќи причината е повеќе од сериозна.
Кога излегува од автомобилот, речиси секој возач ја отвора вратата со левата рака. Меѓутоа ова во никој случај не е добра идеја бидејќи може да биде опасна по живот.
Откако ќе го паркирате автомобилот, свртете се и отворете ја вратата со десната рака. На тој начин ќе ја свртите главата назад и ќе имате можност навреме да видите дали покрај вас поминува велосипедист или мотоциклист, кого би можеле да го удрите со отворање на вратата или можеби друго возило што ќе ви ја откине вратата и можеби ќе ве повреди.
Тоа се случува почесто отколку што мислиме. На пример, велосипедистот не може да знае дека возачот токму во тој момент ќе излезе од возилото, а возачот не гледа што се случува на патот, туку автоматски ја фаќа рачката на вратата со левата рака и ја отвора. Станува збор за секунди, кои можат да значат живот или смрт.
Отворањето на вратата со десната рака, всушност, го принудува возачот да го сврти горниот дел од телото, а тогаш многу поголем дел од патот е во неговото видно поле.
Во Холандија возачите внимаваат на овие работи, па многу почесто ја користат десната рака. Сѐ е прашање на навика и дека некој ни укажува на потенцијален проблем за кој дотогаш не сме ни размислувале, пишува „Кантри ливинг“.