Големиот неонски знак, корпоративното лого на Твитер, моментално достигна цена од 17.500 долари, а покрај тоа, компанијата на милијардерот Илон Маск продава на аукција машини за еспресо, повеќе фрижидери и компјутери.
Извршниот директор на „Твитер“, Илон Маск, сака драстично да ги намали трошоците, бидејќи многу компании ги прекинаа рекламните кампањи на неговата социјална мрежа, што, наводно, предизвикало доцнење на намирувањето на обврските за деловните простории.
Заинтересираните купувачи можат да го видат опсегот на стоки од просториите во Сан Франциско што „Твитер“ сака да ги продаде преку интернет-страницата на „Херитејџ глобал партнерс“, која ја спроведува аукцијата.
Неколку организации за човекови права ги повикаа компаниите да престанат да се рекламираат на Твитер поради обвинувањата дека социјалната мрежа не го спречува ширењето говор на омраза и други навредливи содржини на својата платформа.