Изгледа дека се случи некој вид семејно обединување на снимањето на четвртата сезона од „Само убиства во зградата“. Ева Лонгорија и Мерил Стрип глумат во новата сезона на серијата, а ѕвездата на „Домаќинки“ неодамна откри дека, всушност, е во роднинска врска со познатата оскаровка.
– Мерил и јас сме роднини. И двете направивме ДНК-тест во шоуто на д-р Гејтс и дознавме дека имаме заеднички роднина – изјави Лонгорија за „Екстра“, мислејќи на документарната серија на Хенри Луис Гејтс Јуниор, во која многу познати личности ги откриваат своите корени.
Ѕвездата на „Домаќинки“ откри и како е да се работи со Мерил на серијата „Само убиства во зградата“.
– Беше навистина, навистина забавно и се викавме – роднино – рече таа.
На снимањето, Стрип ја претстави Лонгорија како своја роднина.
– Таа ја раскажа приказната и сите беа збунети бидејќи јас сум латино, а таа е – Мерил Стрип – изјави Лонгорија.