„Перничињата на мама“ е етно изложбата што денеска беше отворена во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на која се презентирани педесетина домашни ракотворби – перничиња, изработени од прилепчанки низ годините, кои се дел од домашните оставнини.
За уникатната изложба говореше етнологот Александар Цветкоски, потенцирајќи го значењето на традицијата.
Изложбата ја реализираше активот на жени пензионерки при Здружението на инвалидски пензионери на Прилеп.
-Секој од нас како мал на почетокот своите први соништа ги имавме отсонувано на маминото перниче, направено своерачно од нашите мајки. Па затоа сакавме да ја пренесиме таа традиција, по повод Осми март – рече Кирил Ристески, претседател на Здружението на инвалидски пензионери.
За најубавите и најуникатни перничиња беа доделни пригодни награди, а изложбата прилепчани ќе можат да ја разгледаат во наредните два дена. Ка.М.