Македонската Радио- Телевизија ексклузивно ќе го емитува 95-то доделување на оскарите в недела, 12 март. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2022 година. Научно фантастичната авантура „Се во исто време“ има 11 номинации, по девет номинации добија антивоената драма „На запад ништо ново“ и црната трагикомедија „Духови на островот“, додека полуавтобиграфската драма „Фабелманови“ освои седум номинации.
На оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите. Меѓу нив се Харисон Форд, Никол Кидман, Хали Бери, Џон Траволта, Риз Ахмед, Антонио Бандерас, Салма Хајек Пино, Џесика Честејн, Зои Салдана, Хју Грант, Глен Клоуз, Ева Лонгориа.
Џими Кимел по трет пат ќе биде водител.
Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот „Долби“ во Холивуд, а ќе го пренесуваат преку 200 држави во светот.
В недела во 21.30 на МТВ1 започнува емисијата „Во кадар“, чиј автор е Миланка Рашиќ, посветена на наградите „оскар“, а од 22.25 следи филмот добитник на 8 оскари – „Милионер од гетото“.
Ноќта на „оскарите“ ќе започне 20 минути по полноќ, со пренос од Црвената патека, додека 95-та оскаровска церемонија ќе започне во 2 часот по полноќ.
Скратена снимка од доделувањето на престжните филмски награди ќе се емитува во вторник во 21.15 на МТВ 1.