Животни

Новото истражување покажа дека кучињата разбираат и кога ќе им кажеме дека ги сакаме. Веќе некое време знаеме дека нивните очи не светат само затоа што сакаат да се гушкаат или затоа што се гладни, туку дека навистина ни покажуваат дека нè сакаат на неверојатен начин. Ако вашето куче ве гледа во очи, се потпира на вас, ги носи вашите чорапи и се подмочува кога ќе ве види, тоа ви покажува дека ве сака на свој посебен начин. За да се добие подобра слика за тоа како кучињата физички реагираат кога им изразуваме љубов, тимот од компанијата „Кенајн котиџис“ стави околувратник за следење на отчукувањата на срцето на четири кучиња и ги следеше една недела. Тие заклучиja дека секојпат кога сопственикот ќе му каже на кучето дека го сака, срцето на миленикот чука побрзо.
На пример, нормалниот пулс на кучето е 67 отчукувања во минута, но откако добиле позитивно внимание на љубов, пулсот се зголемил на 98 во минута, што претставува зголемување за неверојатни 46 проценти.
Иако на кучето е доволно да му кажеме „те сакам“ за да го направиме среќно, има и други начини на кои можеме да покажеме љубов кон нашите миленици. Еден од нив е триење на ушите. Ушите на кучето содржат нервни завршетоци што испраќаат импулси низ телото и ослободуваат хормони одговорни за доброто расположение. Има и друг начин, а тоа е одвреме-навреме да го храните кучето со рака. Ова е особено корисно ако тренирате помало кученце, но рачното хранење куче на која било возраст е еден од најголемите знаци на љубов.