Прегледувањето на фотографиите на социјалните мрежи ја зголемува желбата за естетски операции кај помладите жени, покажа најновото истражување, објавено во списанието „Карент сајколоџи“.
– Студијата дава увид во тоа како интернет-фотографиите можат да влијаат на однесувањето и на сликата што жените ја имаат за своето тело – пишува порталот „Психопост.орг“.

Во истражувањето учествувале 1.180 жени на возраст од 18 до 29 години. Сите прегледале 15 фотографии на жени што направиле естетски зафати и 15 фотографии на туристички дестинации. Истражувачите откриле дека учесничките што ги гледале фотографиите на жените со естетски операции изразиле поголема желба да го сторат истото тоа, во споредба со припадничките на понежниот пол што ги гледале сликите со туристичките дестинации.

– Жените што често се корисници на друштвени медиуми и кои се помалку задоволни од својот изглед имаат поголема шанса во иднина да направат некој козметички зафат – објаснуваат стручњаците.