Кога сте со вашето куче, внимавајте на безбедноста на другите

„Моето куче е мирољубиво и добро воспитано“, ова ќе ви го речат скоро сите сопственици на кучиња. Сепак, секогаш треба да бидете свесни дека вашето куче претставува потенцијална опасност за околината. Затоа има неколку совети за тоа како да се однесувате, за да бидете сигурни и вие и миленичето и луѓето во непосредна близина.
– Секогаш носете поводник со себе ако шетате со кучето. Тоа може премногу да се вознемири и да се возбуди во друштво на други кучиња и може неконтролирано да потрча кон нив. Нивното разиграно однесување за миг може да стане агресивно, па и да се претвори во судир.

– Не заборавајте дека сите луѓе не ги сакаат кучињата и не уживаат во нивно друштво. Многу деца, но и постари луѓе можат да се уплашат, па и да доживеат психичка траума ако кучето ненадејно скокне на нив, сакајќи да си игра.
– Доколку е слободен вашиот миленик, за миг може да се стрча и по некоја мачка или друго животно и да го изложи на опасност.
– Малите деца не го разбираат однесувањето на вашето куче. Ако го пуштите, тоа може да се доближи до некое дете, а тоа не сакајќи да го удри што, пак, може да вознемири и најдисциплиниран пес.