Серијата „Живи мртовци“ што е адаптација на истоимениот стрип, започна да се прикажува во 2010 година, а во еден период беше една од најгледаните ТВ-серии.

ТВ мрежата Еј-ем-си објави дека серијата „Живи мртовци“ се ближи кон својот крај. Таа ќе заврши во 2022 година со проширената 11 сезона, чии 24 епизоди ќе се емитуваат во период од две години, пренесува Си-ен-ен.

За верните обожаватели на оваа серија, Еј-ем-си веќе подготвува нова серија со Норман Ридус (Дерил Диксон) и Мелиса МекБрајд (Керол Пелитиер) во главните улоги. Новата серија ќе има премиера во 2023 година.

– Имаме да раскажеме уште многу возбудливи приказни од светот на живите мртовци, па овој крај ќе биде еден нов почеток, кој ќе донесе нови ликови и приказни, познати лица и места и нови митови. Ова големо финале ќе води кон нови премиери – изјавиле Анџела Камп и Скот Гимпл, креаторите на серијата.