Ловецот на планети на НАСА, сателитот ТЕСС, ја откри првата планета што може да се насели, која е голема колку Земјата.
Ѕвездата ТОИ 700 површински зафаќа 40 проценти од Сонцето на Земјата, а нејзината температура е за половина пониска од таа на Сонцето. Оддалечена е околу сто светлосни години од Земјата.
Американската вселенска агенција објави дека ТЕСС пронашол свет со големина на Земјата во кој може да се живее, а предуслов за живеење е присуството на проточна вода, пренесува АФП.