Долго одложуваното лансирање на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ ќе се случи на 24 декември, потврдија НАСА и компанијата што го надгледува лансирањето.
Проектот, започнат во 1989 година, првично се очекуваше да постави инструмент што ќе биде најголемиот и најмоќен телескоп што некогаш бил лансиран во вселената во раните 2000-ти години. Меѓутоа, повеќекратните проблеми доведоа до одложувања и зголемувањe во првичниот буџет на телескопот, со конечна цена од речиси 10 милијарди долари.
Телескопот „Веб“ е направен во САД и е пренесен до местото за лансирање во Кауро, Француска Гвајана.
Меѓутоа, новите проблеми доведоа до две одложувања.
Како датум на лансирање на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ е потврден 24 декември – соопшти компанијата „Ериенспејс“.
За разлика од легендарниот вселенски телескоп „Хабл“, „Веб“ ќе се наоѓа многу подалеку од Сонцето. Научниците се надеваат дека уште поблиску ќе открие како изгледал универзумот до неговото формирање пред речиси 14 милијарди години.
Новиот телескоп е именуван по покојниот Џејмс Е. Веб, кој ја водеше новонастанатата вселенска агенција НАСА во поголемиот дел од 1960-тите години.