Здрава храна

На повеќемина од нас ни се познати следните симптоми на мамурлак: мачнина, чувствителност на светлина, главоболка, болка во мускулите, дијареја и намалени моторни способности. Тие се последица на хормоналната промена во телото и хемиските реакции предизвикани од токсините на алкохолот. Затоа прво треба да внесете во организмот нутриенти, како фруктоза, витамини, минерали, кои ќе помогнат во исфрлањето на токсините и ќе ги намалат негативните последици. Споделуваме неколку предлози за намирници со кои ќе се борите против мамурлакот.
Вода: пиењето вода пред спиење може да ги спречи утринските главоболки.
Спортски напивки, кокосова вода: внесувањето слатки спортски напивки во организмот ги враќа потребните електролити што сте ги изгубиле со преголемото консумирање алкохол. Кокосовата вода има дури пет електролити што се пронајдени во човечката крв, а спортските пијалаци најмногу два.
Чај од ѓумбир или од нане: за намалување на проблемите со желудникот и нагонот за повраќање.
Банана: во борбата против утринскиот мамурлак може да помогне и бананата, која е богата со калиум и со магнезиум, најзначајните електролити што се губат со пиењето алкохол, а тоа, пак, предизвикува замор, грчеви и мачнина.