Модната ревија на Ријана за брендот „Савиџ екс фенти“ ќе биде претставена на 24 септември, на стриминг-платформата „Амазон прајм видео“. Популарната пејачка ја објави најавата на социјалните мрежи.

Ова е трета модна ревија на споменатиот бренд, а најавено е дека ќе учествуваат голем број модели, актери, пејачи и други познати личности. Деталите сѐ уште не се познати.

Мислите дека сте подготвени? – напиша Ријана на својот инстаграм-профил.
Првата ревија на Ријана за „Савиџ екс фенти Вол.1“ беше претставена во 2019 година, а на неа настапуваа Биг Шон, диџеј Калед, Мигос и други. Второто шоу беше претставено минатата година, а некои од изведувачите беа Тревис Скот, Розалија и Лизо.

Ријана е наведена како извршна продуцентка и креативна директорка на „Савиџ екс фенти Вол. 3“. Марката е инклузивна, содржи широк спектар големини на долна облека, како и секојдневна облека.