Во Анталија, Турција деновиве се одржа изборот за „Кралица на Евроазија 2021“ (Queen of Euroasia 2021), на кој македонската претставничка Катарина Јовановска ја освои тутулата најфотогенична ученсичка (Best FOTOMODEL). Таа е од Тетово, има 24 години и членка е на модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина. Победничка на изборот е претставничката на Белорусија.

Во финалето Катарина носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработија студијата „Краљевски“ и „Луме“. Изборот се одржа во хотел „Спајс“ во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 30-те финалистки на „Кралица на Евроазија 2021“.