Грција ги отвора борделите под строги услови, а клиентите имаат на располагање само 15 минути

Грчките власти, во рамките на олабавување на мерките неделава дозволија работење на борделите, но услов е секој клиент да има на располагање само 15 минути. Досега Грција забележа релативно мал број случаи на заболени од коронавирусот.
Според податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“, потврдени се 3.148 случаи на зараза, а досега се починати 185 лица, па Владата дозволи отворање на економијата и можност за патувања.

Од понеделникот може да работат и борделите, но под строги услови. Посетите се ограничени на 15 минути, а се препорачуваат маски и за давателите на услугите и за клиентите, пишува „Сајпрус меил“.
Вратите и прозорците мора да бидат отворени, за да влегува воздух во собите, плаќањето на услугите може да се изврши само со кредитни картички, а борделите мораат четири недели да ги чуваат потписите на клиентите со името и бројот на телефон, во случај власите да имаат потреба да им влезат во трага на контактите. И други држави размислуваат за слични чекори, а меѓу првите е Холандија.