Домување

Додека се обидуваме да го украсиме нашиот дом, со цел да изгледа удобно, елегантно и модерно, честопати правиме големи грешки. Понекогаш причината е приврзаноста кон старите работи што ни е жал да ги фрлиме, понекогаш избираме лоши бои, а понекогаш се водиме по мода што трае кратко. Следните десет детали треба да бидат извадени од домот, бидејќи се целосно застарени!
Лустер што виси ниско
Сосема непотребен детаљ во секој дом. И сосема непрактично.
Плочки во две бои
Кога станува збор за плочките, следете го правилото „колку е поедноставно, толку подобро“.
Милјеа
Порано покриваа сè, од полиците до телевизорите и перниците. Денес се само дел од минатото кога станува збор за уредување на ентериерот.
Регали низ целиот ѕид
Ова порано беше централно парче мебел во повеќето домови. Денес нема потреба од нив – многу помали парчиња се популарни, а нивната приспособена големина го прави просторот да изгледа поголем.
Старински часовници
Нема потреба еден часовник да зазема толку многу простор во домот.
Огледало со светилки
Ова парче мебел треба да остане таму од каде што потекнува – во салоните за шминкање.