Џенифер Шредер Лоренс (родена на 15 август, 1990) е американска глумица. На 20-годишна возраст таа беше втората најмлада актерка што некогаш била номинирана за „оскар“ за најдобра актерка.

На 22-годишна возраст, со изведбата во романтичната комедија „Во добро и зло“ (2012) освои „оскар“ – „златен глобус“ за најдобра актерка меѓу другите признанија.

1. „Силвер линингс плејбук“ (2012)

Жанр: Комедија, драма, романтика Режија: Дејвид О. Расел Актери: Бредли Купер, Џенифер Лоренс, Роберт де Ниро Кратка содржина: Пат Солатано (Бредли Купер) изгуби сѐ. Куќата, сопругата и работата. Заврши на психијатар и по осум месеци се враќа да живее со родителите. Ја запознава Тифани (Џенифер Лоренс) со која работите дополнително ќе се искомплицираат.

2. „Икс мен“ (филмска франшиза)

Го глумеше ликот Равен/Мистик во неколку продолженија на „Икс мен“.

3. „Патници“ (2016)

Жанр: драма, романтика, научна фантастика Режија: Мортен Тилдум Актери: Џенифер Лоренс, Крис Прат, Мајкал Шин Кратка содржина: За време на рутинското патување низ вселената, кое ги води кон новиот дома, двајца патници се будат деведесет години порано, откако бродот ќе се расипе. Мора да работат заедно за да се спасат.

4. „Хангар гејмс“ (филмска франшиза)

Џенифер Лоренс ја глумеше Кетнис Евердин во четири продолженија.

5. „Американски измамници“ (2013)

Жанр: трилер, драма Режија: Дејвид О. Расел Актери: Кристијан Бејл, Еми Адамс, Бредли Купер, Џенифер Лоренс Кратка содржина: „Американски измамници“ говори за „човекот од доверба“, Ирвинг Розенфелд, кој заедно со својот итар партнер Британец и со љубовницата е принуден да работи за поранешниот ФБИ-агент, Ричи ди Масо.

6. „Црвениот врабец“ (2018) Жанр: драма, трилер Режија: Франсис Лоренс Актери: Џенифер Лоренс, Џоел Едгертон Кратка содржина: Филмот раскажува за руски шпион, кој станува двоен агент. Филмот се заснова врз романот на поранешниот офицер на ЦИА, Џејсон Метјуз. Балерината Доминика Егорова е регрутирана во „Спероу скул“, Руската интелектуална служба, каде што е принудена да го користи своето тело како оружје.

7. „Џој“ (2015)

Жанр: Драма Режија: Дејвид О. Расел Актери: Џенифер Лоренс, Роберт де Ниро, Бредли Купер Кратка содржина: „Џој“ е приказна за едно семејство составено од четири поколенија и за една жена, која прераснува во основач и матријарх на една моќна семејна деловна династија.

8. „Како луди“ (2011)

Жанр: драма, романтика Режија: Дрек Доремус Актери. Фелсиити Џонс, Антон Јелцин, Џенифер Лоренс Кратка содржина: Британската студентка се заљубува во американски студент. Откако нејзината виза истекува таа е протерана од САД.

9. „Бивер“ (2011)

Жанр: драма Режија: Џиди Фостер Актери: Мел Гибсон, Џоди Фостер, Антон Јелчин, Џенифер Лоренс Кратка содржина: Волтер Блек бил директор во фабриката за играчки и семеен човек. Но подоцна е опседнат со лични демони и страда од депресија. Што и да се обиде, не може во никој случај да ја преземе контролата… Сѐ додека малиот бивер не влезе во неговиот живот.

10. „Зимска коска“ (2010)

Жанр: Драма Режија: Дебра Граник Актери: Џенифер Лоренс, Џон Хаукс, Гарет Дилхант Кратка содржина: Незадржлива девојка од планината Ожарк поминува низ опасни терени додека се обидува да го најде својот татко, кој е дилер на дрога. Во меѓувреме треба да се грижи за своето семејство.