Амстердамскиот кварт на „црвените фенери“ повторно е отворен по затварањето и рестрикциите поради пандемијата од ковид-19, пренесува „Гардијан“.

Сексуалните работници ја поздравуваат можноста повторно да заработат, но мора да ги почитуваат строгите правила за контакт лице в лице, хигиена, како и да ги проверат клиентите за можни симптоми.

– Пред да закажам состанок со клиентот, треба да проверам дали тој се чувствува добро и дали има симптоми. Исто така морам да проверам дали некој од блиските лица на клиентот има симптоми  – објаснува Фокси, сексуална работничка и активист во Информативниот центар за проституција во Амстердам, за агенцијата „Франс прес“.

Таа е благодарна што маските за лице не се задолжителни, заклучувајќи дека повеќето од вработените во борделите ќе избегнуваат контакт лице в лице, така што ќе нема бакнување.