Прекрасниот остров Мадеира беше изгласан за главна овстровска дестинација во Европа на доделувањето на награди за светски патувања за 2019 година, пренесува „Ивнинг стандард“.
Вулканскиот остров, кој е дел од архипелагот југозападно од Португалија, заедно со Порто Санто и островите Десертас, има суптропска клима, а тоа значи дека може да се очекуваат поблаги температури во текот на годината.
Покрај тоа, островот има неговата неверојатна природна убавина, со раскошен планински терен, богат избор на храна, најмногу познат по локалните морски плодови и сортни вина. Неговата локација, во средиштето на Атлантикот, исто така допринесе да се искачи на врвот во нуркање.
Исто така, има многу активности кои може да се прават на островот. За почеток, може да се посети главниот град Фуншал и неговиот шарен Стар Град, или пак со возење на брод да се разгледа воодушевачкото крајбрежје. За љубителите на плажа се препорачува Порто Санто, познат и под името „Златниот остров“ поради неговата тиркизна вода и свиленкаст песок.