Пролетно освежување и на кожата
По долгата и напорна зима, на лицето му е потребно освежување. Со повисоките температури, вистинско време е да му ја овозможиме потребната грижа и да го закрепнеме за да изгледа уште посвежо и понегувано до летото, а со тоа и поздраво.
Ампули за освежување на кожата на лицето – Тие се користат на чиста кожа. Содржат растителни масла што подобро ги апсорбира кожата.
Пена за миење – Кога зборуваме за пена за миење, најдобра е онаа што ја содржи билката хамелис, како и екстракт од камилица, бидејќи ги смирува иритациите на кожата и истовремено ги стеснува порите. Можете да ја користите пената за отстранување на шминка, како и за миење. Оваа пена ќе ги смири воспалителните состојби и ќе ја хидрира вашата кожа.
Хијалуронски ампули – Во текот на зимата, вашата кожа ја губи еластичноста. Овие ампули ќе ѝ помогнат на вашата кожа да се регенерира и истовремено ќе ги намалат брчките на лицето. Покрај лицето, добро е да ги нанесете овие ампули на деколтето и вратот. Тие треба да се нанесуваат на влажна кожа, затоа што хијалуронската киселина ја врзува водата за себе и ја одржува во кожата. По неколку третмани, ќе почувствувате дека кожата на лицето не е само затегната и посјајна туку и поздрава.