Американската актерка Меган Маркл на венчавката со принцот Хари носи прстен од велшко злато, подарок од англиската кралица Елизабета.
– Прстенот на принцот Хари е од платина, соопшти Кенсингтонската палата.
Двата прстена се направени во лондонската продавница за накит „Клив енд компани“, која го изработи и вереничкиот прстен на Меган Маркл.