Љубителите на добрата и вкусна храна, од разни меридијани, на својата агенда можат да ги стават и следниве 10 града, во кои, според многу сведоштва, има најдобра понуда на вкусни, необични и автентични специјалитети.
Каде и да патуваат, туристите сакаат да ја пробаат традиционалната храна, а стручњаците за патувања од веб-сајтот „Трип Адвајзр“ направија список од најдобрите светски градови во кои храната е совршена.
Рим
Воопшто не изненадува фактот дека Рим е на првото место на градовите со добра гастрономска понуда, а стручњаците велат дека најдобро ќе се снајдете во округот Прати. Што и да пробате од локалните специјалитети нема да згрешите. Всушност жителите на Рим јадат наутро и попладне. Појадокот им е еспресо на поминување и некое печиво (бриош). Ручекот е лесен и се состои од: трамезини, пицети и разни други тестенини. А навечер можете да уживате во пријатните ресторани каде што има од пиле млеко.
Фиренца
Побегнете до центарот на градот во некој оддалечен селски дом во Тоскана и пробајте ја автентичната италијанска пица и домашниот сладолед.
Венеција
Најдобрата храна што морате да ја пробате во Венеција се чичети (сендвич со горгонзола, пршута и компир). Тие одлично одат со некое добро вино, кои во овој град ги има во изобилство.
Париз
Ако одите во Париз задолжително посетете го квартот Монмартр, кој плени со многу нешта, па и со храната што можете да ја вкусите тука. Тоа може да бидат багет, пилешко со помфрит, кроасан, сендвич со пржена шунка и сирење и некое од познатите француски сирења со чаша вино.
Мадрид
Гастрономијата на Мадрид е многу разновидна. Овде морате да ги пробате традиционалните шпански тапаси, што можат да се нарачаат во речиси сите ресторани. Задолжително пробајте ја шпанската паеља.
Барселона
Кога ќе се изморите од разгледувањето на знаменитостите во овој шармантен шпански град, можете да одморите со вкусен специјалитет. Овде задолжително морате да пробате мали сендвичи со домати, пржен компир со пикантен сос, но и октопод со лут сос, маринирани сардини на тост со мармалад од црвени пиперки.
Њу Орлеанс
Еднаш кога ќе дојдете во Њу Орлеанс ќе бидете восхитени од многу нешта, а најмногу од кујната. Овој град е познат по специјалитетите како што се мали крофни, што се послужуваат со многу шеќер во прав. Со нив ќе добиете и кафе со малку цикорија. Пробајте и џамбалаја, ориз со морски плодови, месо и зеленчук.
Њујорк
За овој град често се вели дека е престолнина на рестораните. Во него можете да пронајдете тајландска, јапонска, француска или индиска кујна. Но можете да добиете и типичен американски појадок, како јајца на сите можни начини, американски палачинки, вафли, печива и кремчиз и се разбира крофни со разни преливи.
Токио
Оваа гастрономска престолнина се стреми кон совршенство. Секој јапонски оброк содржи топка ориз и мисо-супа. Нивната кујна содржи многу риба, морски плодови и алги. Исто така морате да пробате и: јакитори, какигори и јага-бата.
Бангкок
Во овој град не можете да останете гладни, бидејќи на неговите улици се продаваат разни видови месо со вкусни сосови. А како посебен специјалитет можете да купите печени инсекти. Исто така морате да пробате и банана-роти, нешто слично на палачинка.