Џеф Безос, најбогатиот човек во светот, пред неколку дена беше во вселената на десетина минути.
Педесет и седумгодишниот милијардер полета на работ на вселената девет дена по летот на Британецот, Ричард Бренсон, кој тоа го направи со ракетниот авион на неговата компанија, „Вирџин галактик“.
Jeff Bezos thanks Amazon customers and employees following his successful flight to space this morning. Congrats to Jeff and the team! pic.twitter.com/dKCIT2ZFSM
— Amazon News (@amazonnews) July 20, 2021
– Моите очекувања беа големи, но се драстично надминати. Најдобар момент ми беше погледот кон Земјата и нејзината атмосфера. Секој астронаут, секој што бил во вселената вели дека тоа ги менува луѓето. Воодушевени и вчудноевидени сме од Земјата и нејзината убавина Но, исто така и од својата кревкост – им рече Безос на собраните во Тексас по слетувањето.
Потоа тој го изнесе својот став за тоа како вселенските истражувања можат да бидат клучни за идните генерации.
– Големите работи се покренати од мали. Ова е важно бидејќи градиме патека кон вселената за нашите деца и нивните деца да можат да ја градат иднината и треба да го правиме тоа. Треба да го правиме тоа и за да ги надминеме проблемите тука на Земјата. Поентата е дека ова е единствената добра планета во Сончевиот систем. Пратени се роботски сонди на сите останати планети, но оваа е единствената добра за нас, во тоа ве уверувам. Мораме добро да се грижиме за неа – додаде тој.
Безос потоа му се заблагодари на неговиот тим во „Амазон“ и на сите клиенти на „Амазон“ што му помогнале да го финансира патувањето во вселената.
– Сакам да се заблагодарам на секој вработен во „Амазон“ и секој клиент на „Амазон“ затоа што плативте за ова. Сериозно, благодарам од срце на секој клиент и вработен во „Амазон“. Го ценам тоа – заклучи Безос.