Александар Тодороски годинава првпат настапи на фестивалската сцена на „Мафкест“ во Штип со песната „Под исто небо“ на авторите Ристо Самарџиев (музика и текст) и Давор Јордановски (аранжман), но успеја да ја освои и публиката и жирито и на крајот да заврши на врвот на табелата. Победата ќе му отвори многу врати во светот на музиката, а еден негов сон, како што рече, веќе е остварен.
Тој е студент на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, отсек класична гитара, а член е и на групата „Феникс“ со која настапува во Штип, но и во други градови во земјава. Александар уште првата вечер освои најмнoгу гласови, а аплаузите што ги доби беа сигнал дека е меѓу фаворитите на годинашното фестивалско издание.
Втората награда му припдана на Мартинијан Кирилоски, кој е редовен учесник на фестивалот и досега освоил повеќе награди, меѓу кои и првата со песната „Стопати на ден“ во 2019 година. Неговата темпераментна нумера „Вистина“, во латино ритам, исто така е дело на Ристо Самарџиев, кој ги напиша музиката и текстот, додека аражманот е на Давор Јордановски. И досега Самарџиев победувал на „Макфест“, како пејач и компизитор, но ова е првпат да освои две главни награди истовремено. Како што рече тој и во иднина ќе учествува на фестивалот чиј е заштитен знак е со безвременските хитови што ги созадеде.
Третото место го освои Марија Данева со песната „Твоја“ на Роберт Билбилов, на која и припадна и наградата за сценски настап. Таа на додлеувањето на статуетката, што и ја врачи штипскиот градоначалник д-р Сашко Николов, не можеше да ги запре солзите, но емоциите секогаш биле и ќе бидат заштитен знака на „Макфест“.
Наградата за најдобар дебитант и припадна на Калина Велковска, која со песната „4“ на Сара Мејс и на Иван Петровски ги отвори и двете фестивалски вечери.
Статуетката за најдобар аранжман му припадна на Лазар Цветковски за песната „Денот што ми носи“ на Александра Јанева, двојна победничка на „Макфест“, а за најдобра интерпретација беше наградена Лара, која ја исполни „Душа“ на Иле Спасов и на Робин Зимбаков.
Организаторите на фестивалот на прес конференцијата пред втората фестивалска вечер, наградата за новинар кој долги години континуирано и објективно го следи фестивалот ѝ ја доделија на новинарката на „Нова Македонија“, Марија Таушанска.
Дирекцијата на фестивалот, посебна чест му оддаде на Драган Ристов, кој ја загуби боитката со ковид-19. Тој беше дел од организаторскиот тим на „Макфест“ и Штип и државата ги промовираше на високо и професионално ниво.
М.Т.