Денес со почеток во 19 часот во големата сала од Центарот за култура во Кичево, КУД „Рацин“ Кичево ќе го одржи традиционалниот Велигденски концерт со работен наслов „Писмо дојде“. На сцената ќе продефилираат повеќе од 80 членови на друштвото и тоа три групи играорци, пејачи и инструменталисти и се очекува да биде приреден концерт за незаборав, потврди Антонио Стојчевски кореограф на КУД „Рацин“ Кичево.
– Денес со почеток во 19 часот во големата сала од Центарот за култура , КУД „Рацин“-Кичево ќе го одржи традиционалниот Велигденски концерт со работен наслов „Писмо дојде“. На сцената ќе продефилираат три возрасни групи на играорци кои ќе го презентираат македонскиот фолклор на најдобар можен начин. Велигденскиот концерт ќе биде отворен со традиционалната песна „Писмо дојде“, втората група ќе ја изведе сценската постановка на д-р Владимир Јанески со наслов „Мегленски Власи“. Потоа следи „Каламатија“ во изведба на втората група на друштвото, на сцената ќе се претстави и третата група со изведба на „Грнето е наше“. Потоа гледачите ќе имаат можност да ја проследат втората сценска постановка на д-р Владимир Јанески со наслов „Левото“ – истакна кореографот Стојчески.
– Традиционалната ороводна песна „Крена мартината“ ќе ја изведе втората група, потоа следи изведба на народната песна „Три години лудо болна лежа“ во изведба на Ксенија Костеска и Марија Вељаноска. Следуваат три изведби на првата група и тоа „Трите Пата“, „Оро Рајко“ и „Пуштеното оро“, понатаму следуваат две изведби на втората група и тоа „Мори чупи Костурчанки“ и „Бајрачето“. До крајот на концертот првата група ќе ги изведе „Станкино оро“, традиционалчната ороводна песна „Филка мома“ , „Машкото оро“ и „Сулејманово оро“. Последната точка на концертот е „Софкино оро“ во изведба на сите групи на ансамблот Рацин – додаде кореографот Стојчески.
З.А.