Со работилницата за деца „Како се прави џиновска сликовница?“, во 11 часот денеска, ќе почне програмата на издавачката куќа „Арс ламина“ на тековниот Саем на книгата. Во 17 часот е закажано потпишувањето на поетските книги на Катица Ќулавкова („На врв на јазикот“) и на Зоран Анчевски („Коњски житија“) на штандот на „Арс ламина“, а во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Страшни приказни“ од Сузана Камберова. Промотори на изданието, објавено во едицијата „Пегаз“, ќе бидат Оливера Ќорвезироска и Бисера Бендевска.
Во чест на Светскиот ден на книгата, 23 Април, издавачката куќа „Арс ламина“ организира низа настани. Во 11 часот, на штандот ќе се одржи работилница за деца инспирирана од кампањата за поттикнување на читачките навики кај децата „Читањето е супермоќ“, а во 17 часот познатиот поет Никола Маџиров ќе ја потпишува својата прва книга за деца – „Рокчето“. Во 18 часот, во промо-центарот, „Арс ламина“ ќе организира панел во чест на Светскиот ден на книгата, „Светската книжевност објавена на кирилица“, на кој ќе учествуваат Никола Маџиров, Владимир Јанковски, Оливера Ќорвезироска и Бисера Бендевска.