Снимањето на вториот игран филм на Илија Павлов, насловен „Емил, врати се“, почнa во продукција на „Персона филм“ и „Кино Балкан“. Според режисерот, снимањето ќе се одвива во такси низ цело Скопје за да се остави еден специфичен печат на градот што наскоро ќе стане метропола.
Како да дишам кога знам дека нема доволно за сите… – е мисла водилка на филмот.
Во главните улоги се појавуваат реномирани актерски имиња: Душица Настова, Никола Ристановски, Симона Димковска, Оливер Митковски, Васко Атанасоски (21 век), како и околу 150 други познати и искрени ликови од државава.
Првиот долгометражен филм на Илија Павлов е насловен „Гласот на тишината“, во кој Павлов е режисер, кинематографер и актер, а покрај него се појавува и актерката Вучица Настова. Филмот беше премиерно прикажан на ИФФК „Браќа Манаки“.