Во издание на институтот „Инаку“ излегоа од печат четири нови хаику-книги: „Хаику миг“ – хаику-песни од 38 автори, „Мајчински муабети под праската“ од Даниела Ефтимова, „Бисерно клопче“ од Оливера Јовановска и „Миа“ од Марија Челебиева. Четирите книги се библиофилски изданија во 111 примероци.

Во книгата „Хаику миг“ се објавени хаику-песни од Александар Прокопиев, Христо Петрески, Владимир Мартиновски, Никола Маџиров, Марина Мијаковска, Маја Мојсова, Сабахета Ета Мерсими,, Никола Д. Сарајлија–Македонски, Оливера Станковска и др.