Македонската уметница Јана Манева-Чупоска изложува во Истанбул, во Македонскиот културен центар. Таа излага цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата на човекот кон подобро утре. Преку фигуративните композициски ликовни претстави, колажни експерименти, авторката Јана Манева-Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во време на кризата со коронавирусот, но и покрај официјалното завршување на вирусот, кај човекот остави длабоки психолошки траги на страв и несигурност.
Изложбата се состои од триесетина дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника молив, јаглен, акрил и темпера и еден диптих во поголем формат изработен во техника акрил.