Синоќа во Ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп отворена е
изложба на слики и цртежи од Среќко Здравковиќ од Србија, со која одбележува 50
години творештво. Уметникот е годинашен учесник на меѓународната ликовна колонија Дрен 2024, што ја реализира ЦК „Марко Цепенков“.
Среќко какотворец е препознатлив, со автентичен уметнички ракопис, а неговите
дела се преполни со фигурација, со симболи. Со изложбата во Прилеп и во неколку
градови низ Србија одбележува 50 години уметничко творештво.
Среќко Здравковиќ, дипломиран сликар, професор има околу 70 самостојни
изложби, околу 500 групни изложби, а учествувал и на голем број ликовни колонии.
Добитник е на бројни награди и признанија за исклучителен придонес во културата во
Србија. Покрај со уметничката работа, се занимава и со графички дизајн и педагошка
дејност. Графички уредувал 150 книги, плакати, брошури, каталози, дизајнирал 100
меморандуми-заштитни знаци. Има извајано десетина портрети во бронза, реализирани неколку мозаици на цркви и насликани околу 50 икони и насликани цркви („ал-секо“ фрески).