Синоќа во Музеј-галеријата во Кавадарци во трите изложбени салони на четири
видеобима, се случуваше проекција на околу 160 фотографии сликани од мобилен телефон.
Целиот настан авторот го наслови како „Моменти- џебна фотографија “ и претставуваше несекојдневно доживување на љубителите на фотографијата дополнето со прекрасна џез музика во интерпретација на Гоце Мациев и Даме Камчев.
Оваа необична изложба која сее доживува само една вечер всушност претставува
своевидна увертира во одбележувањето на големиот јубилеј 30 години бавење со професионална фотографија на Тони Коцев кој речиси три децении графички ги обликува сите публикации, монографии, плакати и постери и преку фотографијата неумерно и посветено ја создава современата хроника на градот Кавадарци. Фотографиите се од неговата богата приватна архива и се сликане само од еден мобилен телефон. Првичната идеја Тони Коцев ја добива со почетокот на
пандемијата кога како резултат на воведувањето на карантинот се поттикна потребата да се престојува надвор и во природа. Избраните фотографии беа сликани изминативе пет години и претставуваат заробени моменти кои во тој период го привлекле вниманието на авторот.
Почнувајќи од макро фотографии , до пејзажи синоќа можеа да се видат многу интересни фотографии на урбани моменти, инсекти и многу познати и непознати предели од Тиквешијата и тоа во црно бела и колор техника.
М.М.