Фото: Приватна архива

Деби-албумот на македонскиот кантавтор и мултиинструменталист Иван Кукиќ насловен „Sunday vibes“,конечно ја здогледа светлината на денот.

Албумот содржи десет песни, од кои две се објавени како синглови „Балада за една љубов“ и „Друмови“, а го издаде „Кроација рекордс“.

Иван Кукиќ е авторот кој стои зад најголемиот дел од материјалот на албумот, кој го красат интересни соработки; песната „Пружам руке две“ ја отпеа со Дадо Топиќ, насловната „Sunday vibes“ со Влатко Стефановски, „Life of Jupiter“ со групата „Јупитер“, „Music philosophy“ со Теодоси Спасов, „Зрно наде“ со Сакис Доволис, а интересниот сингл „Балкан фанк“ е создаден со Џамбо Агушев и Јан Стефановски.

Иван студира музичка продукција и дизајн на звук, пее и свири на дури шест инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти, а исто така компонира, аранжира. Иако е многу млад, овој љубител на музиката често настапува низ регионот, а беше и дел од неколку меѓународни натпревари.

M.T