Фото: Анимото

Триото Анимато на 15 јуни во „Даутпашиниот амам“, со почеток во 19 часот, ќе оддржи свој концерт со програмски наслов „Безвременски мелодии“.
Триото е формирано во 2020 година, а во него членуваат м-р Светлана Димитриевска – пијано, м-р Даниела Неделковска – флејта и м-р Симона Марочковска Манојловска – флејта. Сите три се професорки во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје.

-Состав од овој тип е навистина редок и е многу значаен за камерната музика и нејзиниот развој во Македонија, а секако е поттик и за учениците – велат од триото.

Композициите кои ќе ги исполнат се атрактивни, а публиката ќе има можност да ужива во популарни класични мелодии и да се препушти на извонредниот амбиент на „Даутпашиниот амам“. На програмата се дела од Едвард Григ, Јоханес Брамс, Габриел Форе, Дмитриј Шостакович, Франц Шуберт и македонската композиторка Бете Илин.
Проектот е поддржан од Министрството за култура.