Со почеток во 19 часот, во Даут Пашин амам, завршува годинешната програма на „КРИК 04“ – Човек без својства политики на маргините, со предавањето на еден од најзначајните теоретичари на културата и возуелните уметности Бранислав Димитријевиќ и неговото предавање насловено „Не-современата уметност: понатамошни шпекулации за не-сега“. По предавањето ќе следи разговор со Натали Рајчиновска Павлеска и модерирана дискусија со публиката.

Во вториот дел на четврто издание на фестивалот гостува познатите филозофи и
теоретичари Борис Буден и Стефан Новотни, Ариане Шпаниер, како и домашни учесници. А на 15 декември се одржа отворена јавна средба/разговор за состојбата, значењето и иднината на критиката во и за современите уметнички практики.
Во првиот дел на фестивалот КРИК, фестивал за критичка култура организиран од Контрапункт, кој се одржа во текот на јуни, учесници беа: Нејтан
Браун, професор од Канада, Петар Милат, филозоф од Хрватска, Арон Шустер, американски писател и филозоф, Лина Гонан, филозоф и активистка од Хрватска, Станимир Панајотов, теоретичар од Бугарија. Во рамките на годинашното издание на КРИК, во септември се одржа и работилница за анализа на дискурс наменета за млади
истражувачи со предавачите Мира Беќар, професор по применета лингвистика од Скопје и Викторија Костадинова, која предава на Универзитетот во Амстердам.

Димитријевиќ отсекогаш предизвикувал полемични контексти во општеството, кои ја контекстуализираат уметноста како длабоко политична, одговорна и не-невина во однос на политичките динамики. Неговите ставови секогаш предизвикувале бурни реакции, па дури и екцесност и во рамки на уметничката и културната сцена, а и општествено пошироко.

Еден од неговите последни провокативни јавни настапи е изнесувањето на ставовите за изложбата на Марина Абрамовиќ, која беше отворена во Белград, со огромна финансиска поддршка на Валдата на Република Србија.