„Приказни за краткоста – раска(з)(ж)и за своја душа“ е третата книга на Габриела Стојаноска-Станоеска од Прилеп.

– Оваа книга ја покажува вештината со која авторката го устројува својот специфичен книжевен израз, богат со референци и евокации на современата стварност“ – ќе забележи меѓу другото академик Катица Ќулавкова за новата книга на Станоеска.

Авторката на книгата работи како наставничка по македонски јазик во ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп, а од лани е и главнa и одговорнa уредничка на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“.