Во Драмското студио на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје, ул. „Никола Русински“ бр. 1., на 12 април во 12 часот, ќе се одржи Поетски портрет на академик Радован Павловски, еден од најзначајните творци на македонската поетска ризница, на европско и светско ниво.

Во сценската изведба учествуваат студенти од прва година на Актерска игра, Режија, Композиција и Звучен инженеринг, под раководство на Доц. Лилјана Котевска-Плевнеш, професор по македонски јазик. На крајот на манифестацијата, академик Радован Павловски ќе има специјално обраќање со поетска порака до младите уметници.